Почитувани родители,

Децата учат преку игра. Да им дозволиме да ја користат сопствената имагинација. Вие како родители можете да го поттикнете развојот на вашите деца со дизајнирани активности. Ние сме тука за Вас.

Имаме програми според возраста:

Дизајниравме активности кои се прилагодени на возраста и заеднички чекор по чекор можеме да ги спроведеме. Програмата се одвива онлајн во четири интервали.

Развојни активности за деца од 1 до 2 години

Децата на рана возраст интензивно учат и преку игра стекнуваат искуство за сè што ги опкружува. Тие учат преку различни сетилни канали: движење, вид, слух, допир, мирис и вкус. Сите заедно преку игра и стекнување моторно, когнитивно и перцептивно искуство можеме да го поттикнеме развојот.

Развојни активности за деца од 2 до 3 години

Ова е еден од најважните периоди за развој во животот на детето. Стимулираме:

  • Движења,
  • Говор,
  • Комуникација,
  • Секојдневни вештини,
  • Размислување,
  • Играње и учење,
  • Емоции.

Развојни активности за деца од 3 до 5 години

Стимулирање на психофизичкиот развој:

  • Интелектуални способности,
  • Подобрување на внимание и концентрација,
  • Развивање на координација на движења,
  • Функционално знаење (брзина на размислување, поврување и донесување на заклучок).

Предучилишни активности за деца 5+ години

Заеднички го подготвуваме вашето дете за почување на училиште:

  • Моторна умешност,
  • Просторни односи,
  • Временски односи,
  • Справување со бројки,
  • Справување со бои,
  • Говор и вокабулар,
  • Концентрација и внимание,
  • Емоционална зрелост,
  • Социјална зрелост,
  • Независност.

Како ќе работиме?

Ние ќе ви испраќаме онлајн практични активности кои можете да ги спроведете со вашите деца во домашни услови, според возраста. Ќе го стимулираме целокупниот развој од една до 6 години. Со создавање и употреба на импровизирани материјали, но и со голема количина на радост и заедничко истражување.

Комуникација

  • ПСИХОЛОГ РОДИТЕЛ
  • РОДИТЕЛ ДЕТЕ
  • АКТИВНОСТИ
  • РОДИТЕЛ ПСИХОЛОГ
  • ПСИХОЛОШКА ПРОЦЕНКА

Работилници

  • Есенска од 15 Септември до 30 Ноември
  • Зимска од 1 Декември до 1 Март
  • Пролетна од 1 Март до 1 Јуни
  • Предучилишна, Пролетно – Летна од 15 Април до 15 Јуни, продолжение од 15 Август до 1 Септември

Заедно до целта

  • Ќе даваме совети
  • Ќе бидеме активни
  • Ќе растеме заедно
  • Ќе стигнеме до врвот

ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕКУМЕРЕНА ИЗЛОЖЕНОСТ НА ДЕЦАТА НА ЕКРАН

• неможност за фокусирање на една активност,

• краток распон на внимание,

• забавување на развојот на говорот и јазикот,

• забавување на развојот на когнитивните функции на мозокот:намалено внимание, намалена концентрација, размислување и меморија,

• потешко воспоставување на социјална интеракција,

• слабо развиена моторика,

• незаинтересираност за околината,

• нарушување на квалитетот на сонот бидејќи лачењето на „хормонот за спиење“ – мелатонин е попречено и во исто време предизвикува фрустрација кај детето,

• долготрајно гледање додека седи – предуслов за дебелина,

• нарушување во исхраната – екрани како фокус при хранење,

• агресивно однесување кај децата.

Накратко, последиците од прекумерната изложеност на детскиот мозок на екраните ќе бидат неразвиениот мозок, што ќе влијае на целокупниот развој на детето, кој нема да биде уреден.

ПОМИНЕТЕ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ЗАЕДНО

Зададената активност не мора да се реализира во еден ден, секој ден можете да го посветите на еден дел од неа (избор на материјали, подготовка на различни делови од активноста, завршен дел).

Родителот има улога на помошник, кој со поттикнување и насочување му овозможува на детето самостојно да ги извршува активностите. Важно е активностите да ги спроведувате опуштено, без притисок и инсистирање на успех.

Обидете се да избегнете критикување и пофалете го детето за неговите напори.

Ви посакуваме пријатни заеднички моменти.


Приклучете се 5000+ следачи

Следете не