Јас сум Катерина психолог со подолго работно искуство во здравствена установа. Секојдневно работам со деца од најрана возраст – во детска превентива.
Во текот на моето работење, многу често се соочувам со отстапуања во развојот на децата. Сето тоа ме мотивираше да започнам еден ваков проект кој ќе придонесе за правилен развој на децата.
Екранизацијата и времето поминато пред екрани се пречки за развојот на мозокот, (најчестиот проблем со кој се соочувам во текот на моето работење).
Развојот на мозокот е најинтензивен во првите три години од животот, поради што долготрајната изложеност на екрани го попречува нивниот когнитивен и социо-емоционален развој и влијае на целокупниот развој на детето. До 5 годишна возраст се развива 90% од човечкиот мозок, а остатокот се формира до 25тата година.
Развојот на детето е континуиран процес кој е единствен за секое дете.
Се одвива со истовремен развој на повеќе области, иако не секогаш со исто темпо, како што се: физички развој, развој на сетилата, говор и комуникација, развој на моторички вештини, дружељубивост, чувства и реакции, когнитивни способности.
Секоја фаза на развој има типични карактеристики поврзани со очеуваните достигнувања на детето, со тоа што на детето треба да се гледа како целина, внимавајќи да се поттикне развојот во сите области.
Мојата цел е правилен развој во стимулативна средина.
Со љубов, нежност, топлина, градење стимулативна средина околку детето уште од самото раѓање, родителите треба да обезбедат соодветна стимулација и можности за развој. Активно и заинтересирани да поттикнуваат вербална и невербална комуникација со детето, одговарајќи на неговите интереси и љубопитност преку разговор. Со заеднички активности секојдневно помогнете му да ја истражува околината и поттикнете го да го развие своето размислување покажувајќи му нови можности.
Со мојата програма АКТИВНИ ДЕЦА со активности според возраста заеднички можеме да го стимулираме развојот на секое дете.